Достапни линкови

logo-print

Државата станува небезбедно место за живеење, велат експертите


МВР работи на расветлување на последниот напад врз полицајци кои при обидот да приведат криманелец во Арачиново беа физички нападнати, но тој сеуште не е расчистен докрај, вели портапаролот Иво Котевски:

„Познат е идентитетот на неколкумина од осомничени, дел од лицата се повикани и приведени во полициска станица, така што по целосно документирање на случајот ќе следат кривични пријави.“

Градоначалнкиот на Арачиново Музафер Бислими пак вели дека трвдењата на полицијата дека полицајците физички биле нападанати во интернет кафето, не се точни:

„Сопственикот на интерент кафето дојде и писмено и во полициајта и во општината, и по внатрешна контрола во МВР најавува тужба против МВР, дека влегле во неговиот дуќан без никаков налог и направиле неред. Можеби имало некако ,,кошкање“ таму, меѓутоа според сите информации што ги имаме ние, воопшто немало таква случка.“

Во последниов период се случија неколку напади врз припадници на МВР при вршење на службена должност, а во скопската населба Автокоманда при напад на полициско возило загина еден полицаец. Професорот од Воената академија Стојан Кузев оценува дека државата станува небезбедно место за живеење:

„Не се само овие настани кои што говорат за лесно посегнување по оружје кога се во прашање чуварите на јавниот ред и мир во државата, небезбедно место на живеење во смисла на тоа што едноставно нелегалното поседување на оружје во Македонија изглегува на површина.“

Неприфатливо е насиството на криминалците врз полициските структури оценуваат од ОБСЕ:

„Полициската работа насекаде е тешка и за полицајците кои што ја вршат својата должност понекогаш се неизбежни одредени конфронтации, како и да е жално е што одредени криминални структури тука, вршат насилство врз полицајците. Таквото насилство е неприфатливо.“

вели портпаролот Сали Браутон.
Според податоците на МВР за првите 10 месеци од минатата година, 68 напади врз службени лица при вршење на должнотса што е слична бројка како и во 2006 година. Во ланските напади животот го загубија двајца полицајци.
XS
SM
MD
LG