Достапни линкови

И покрај повиците на меѓународните организации иселувањата продолжуваат


Центарот за иселување од Женева вели дека кинеските власти продолжуваат да ги игнорираат правата на околу 1,5 милиони луѓе кои се иселени во подготовките за Летните Олимписки Игри во 2008 во Пекинг. И покрај повиците на меѓународните организации, иселувањата продолжуваат.

Центарот за право на живеење и иселување соопшти дека властите во Пекинг сеуште насилно иселуваат луѓе од нивните домови во рамки на подготовките за летните олимписки игри што ќе се одржат догодина во Пекинг. Жан де Плесис, заменик директор на центарот вели дека иселувањата се во директна спротивност со духот и идеалите на олимпиското движење, кои се да промовира мир, солидарност и почит за универзалните основни права:

„Зборуваме за олимписките игри, престижен настан. Во него се вклучени сериозни средства и дел од парите треба да се искористат за реализација правата на луѓето кои се погодени.“

Според проценките, голем дел од внатрешните делови на Пекинг се многу населени, па жителите се насилно иселувани. Во некои случаи им е давана мала недекватна компензација, а некои станале бездомници.

„Луѓето пробуваат да извршат самоубиства, некои луѓе се изложени на огромни ризици покажувајќи го нивното противење, што е уште еден сигнал дека кинеската влада не прави доволно за луѓето.“

Тој вели дека неговата организација не е против урбано обновување, но дека тоа мора да се направи на исправен начин:

„Не велиме дека гета се добра работа. Она што го тврдиме е дека не можете само да го исчистите гетото, како да не постојат луѓе кои живеат таму. Мора барем да ги почитувате меѓународните правни обврски и постојат многу јасни критериуми и процеси за тоа.“

Претставниците за кинеското олимписко движење не беа достапни за коментар за ситуацијата со иселувањата. Кога Меѓународниот олимписки комитет ја додели организацијата за игрите на Пекинг, вети дека ќе прави мониторинг на ситуацијата со човековите права и дека ќе се осигура дека Кина ги исполнува ветувањата за нивно подобрување. Но, игрите наближуваат, а комитетот е изложен на притисок затоа што не заземал поцрвст став. Сепак, Ду Плес има пофалби за меѓународниот олимписки комитет и вели дека постои надеж дека во иднина нема да се дозволи олимписките игри да донесат нарушување на локалнатите заедници. Според него, комитетот работи за вклучување критериуми на центарот за иселување во процесот на кандидатура за олимписките игри.
XS
SM
MD
LG