Достапни линкови

Денеска во Македонија прогласен Ден на жалост


Во тек се погребните церемонии со највисоки воени почести на градските гробишта во Бутел каде се закопуваат петте од единаесете загинати војници на АРМ, водник Александар Тасковски, водник Александар Васич, заставник Тони Давитковски, потполковник Тони спасовски и постар водник Јанко Ширич.
Присуствуваат најблиските на загинатите, претставници на државниот врв, политичките партии, како и претставници од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија, Албанија, командантот на ЕУФОР во Босна генералот Мартин Виљалаин.
Започнаа погребните церемонии и во Драчево каде се закопува десетарот Златко Вељановски, во Камник мајор Горан Ристовски, Куманово капетанот Спасовски Бране, а за подоцна во 13 часот во Струмица закажан е погребот на заставникот Славчо Василев и во Гевгелија на капетан Игор Горевски. Во 14 часот во Куманово е погребната церемонија за водникот Мики Ивановски.
И на овие погреби ке присуствуваат претставници на олитичките партии.
Во мегувреме продолжува истрагата за која од надлежните институции истакнуваат дека нема да се откриваат детали додека не се завршат сите истражни дејствија. Работат експертски тимови на Министерствата за внатрешни работи и одбрана, во присуство на истражен судија и заменик јавен обвинител.
Обдукцијата на телата што зарши во неделата вечерта ги даде првите резултати за причините поради кои настапила смртта на секој од единаесетте загинати војници ан АРМ. Станува збор за изгореници и скршеници предизвикани од уривањето и експлизијата на хеликоптерот МИ 17.
По несреката која се случи во саботата телеграми со сочувство до семејставата на загинатите и државниот врв пристигнуваат контиунирано, како од земјите од регионот, така и пошироко. Отворени се книги на жалост и во земјава и во Босна и Херцеговина каде војниците беа во мировна мисија. Ви искажувам вечна бладораност за се што направивте за Република Македонија, никогаш нема да ве заборавиме. Почивајте во мир, македонски херои, напиша вчера претседателот на државава Бранко Црвенковски во книгата на жалост во Домот на АРМ. Денеска како во Македонија, така во Босна и херцеговина прогласен е ден на жалост.
XS
SM
MD
LG