Достапни линкови

Голготата со последици по здравјето продолжува, се жалат граѓаните


Крајот на 2008 година е последниот рок до кога треба да бидат завршени сите управни спорови околу процесот на денационализација. Владата ги засили комисиите за проценки и враќање на одземениот имот, но сепак 20 насто од предеметите сеуште не се решени, заглавени во бирократските лавиринти, долгите судски постапки или уништените фирми што со стечаите ги замрсиле и самите процеси на утврдување на сопственоста врз земјиштето.

„Од вкупниот број поднесени барања до сега се решени 16167. Остануваат за решавање 8116 предмети,“

обедлодени, гласноговорникот на министертвсото за финансии Мартин Мартиновски.
За Охрид важи првилото дека манипулциите со катастарските парцели и враќањето на имотот е вистински хорор. Мирјана Зеко и покрај тоа што успеа да поврати 800 метри квадратни парцела во сопственост на нејзниот сопруг, ни по 7 години неможе да владе со него. Од добар фризер морав да станам и правник за да не ме манипулираат, кажа во една јавна дебата оваа енергична жана. Иако е сеемен имот, општината одбегнува да ги отсели узурпаторите на нејзиниот двор.

„Седма година како тропаме по вратите на институциите. Морам да признаам дека поминав тежок пак кој не дека не остави последици по моето здравје и сеуште таа голгота не е завршена.“

Остри критики за бавниот процес на денационализација нема ниту во обмудсманот. Најголемиот дел од преставките се однесуваат на долготрајните постапки и неизвршување на решенијата за враќање на одземениот имот:

„Заштитата граѓаните ја бараат и тогаш кога надлежните органи со одреден акт ќе го повредат правото, но и тогаш кога тие нема да преземат одредено дејство, па го повредуваат правото на граѓанинот.“

вели Невенка Крусаровска, заменик јавен обвинител.
Досега државата емитуваше обврзници во вредност од околу 200 милиони евра со што се надоместуваа одземените имоти во случаите кога тој неможеше физички да им се врати на поранешните сопственици.
За разлика од Македонија каде што со години траат постапките за враќање на имотите, во некои европски земји како Чешка. Хрватска и Словенија целата денационализација заврши за шест месеци.
XS
SM
MD
LG