Достапни линкови

Кипар: Претседателот Тасос Пападопулос бара од ОН разговори за проблемот со поделениот остров


Кипарскиот претседател Тасос Пападопулос изјави дека испратил писмо до генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун во кое апелира за отпочнување на фактички преговори за решавање на проблемот со поделениот остров. Кипарскиот претседател се залага за идејата за создавање на федерација меѓу двете заедници на Кипар, нагласувајќи дека содржината на таквиот предлог треба дополнително да се прецизира. Пападопулос по вторпат се кандидра за претседател на изборите што се закажани за 17 февруари.
XS
SM
MD
LG