Достапни линкови

Граѓаните не се доволно информирани за обврските што ги носи членството во ЕУ, велат експертите


Влезот во Eвропската Унија пред се би донел позитивни промени во Македонија сметаат граганите. Дел од нив се надеваат на поголема безбедност, а дел на подобра заработувачка:

„Безбедноста можеби би ни била позагарантирана, посигурна.“

„Неможеш веќе да бидеш паметен, што и да кажеш. Се надеваме дека ќе биде подобро, оваа транзиција предолго трае.“

„Ќе се подобри сигурно. Гледаме како што напредна на пример Шпанија.“


Помал дел од скопјани пак сметаат дека од влезот би можеле да очекуваме и негативни работи:

„Со ослободување на шенген визите, многу луѓе ќе избегаат од тука.“

„Како и секаде, првите години некој бран на поскапување на животот можеби ќе има. Мислам дека тоа го носи ЕУ.“


Колењето на свињи и печењето на ракија во домашни услови се традиции на балканските народи кои сега Брисел се обидува да ги регулира во новите земји членки. За тоа ние би го прифатиле граганите велат:

„Веројатно има и други ситници кои би ни пречеле. Тоа се правила на ЕУ. Ќе се навикнеме со тек на времето.“

Професорот од Штуловиот универзитет Јетон Шасивари објаснува дека покрај тоа што влезот во Унијата би обезбедил поголема безбедност и некои економски придобивки, сепак со него би се наметнале и обврски на државата:

„Истовремено значи и губење на одреден дел од сувренитетот од државата и преенесување на тој суверенитет на институциите на ЕУ.“

Според Евробарометарот објавен деновиве, 82 проценти од македонските грагани сметаат дека животот ке им се подобри со влезот во Европскта унија. За разлика од нас 47 насто од хрватите се со слични очекувања, а 53 проценти од турците се надеваат на подобар живот откако ќе се соединат со Брисел. Според Шасивари високот процент кај нас се должи на неифромираноста на граганите:

„Од осамостојувањето на Македонија до денеска, власта не се обидува реално да ги информира граѓаните за тоа што всушност значи зачленувањето во ЕУ, во сите аспекти од општествениот живот.“
XS
SM
MD
LG