Достапни линкови

Продолжуваат обвинувањата за тоа кој треба да го смени однесувањето за остварување на целта


И претставниците на власта и опозицијата очекуваат Македонија да добие датум за преговори во втората половина на годинава кога со унијата кога ке претседава Франција. Велат ова е година на одлука:

„Искрено се надевам дека 2008 година на Република Македонија ќе и донесе датум за преговори.“

„2008 за нас е навистина година на одлука. Апсолутно Македонија може да добие датум за преговори но зависи од тоа како ќе се однесуваме во следните 10 месеци.“


Изјавија Габриела Коневска Трајковска вицепремиерка за евроинтеграции и Радмила Шекеринска која оваа функцијата ја вршеше во претходната влада, а сега е претседатека на националниот совет за евроинтеграции. Тие се согласни дека Македонија мора да ја промени сликата во Брисел по низатата на критики во минатогодишниот извештај во кој беа вратени и некои прашања како политички дијалог, мегуетнички односи и слично. Мегусебните обвинувања и извесни разлики мегу претставниците на власта и оние од опозицијата продолжуваат. Опозицијата смета дека за немањето на датум во извештајот за 2007 пред се, вината е кај власта:

„Ако власта го промени своето однесување, во 2008 може да добиеме датум за преговори. Меѓутоа тоа значи дека политичката клима во државата треба да се промени драстично.“

Вели Шекеринска.
Коневска укажува дека неопходна е соработка и докажување дека државните интереси се приоритет:

„За ова треба да работиме и одговорно и се разбира во соработка со сите политички чинители, затоа што само на тој начин ќе покажеме дека сме држава која пред се ги има држаните, а не партиските интереси.“

За разлика од претходните години кога Франција и Холандија гласаа против европскиот устав, и кога се создаде скепса за продолжување на процесот на проширување, сега состојбата е поинква се усвои и договорот за иднината на Унијата, Лисабонскиот договор за кој вицепремиерката Коневска вели:

„Многу ќе ни оди во прилог. Но, во ниту еден момент не треба да заборавиме дека Македонија не изгуби ниту секунда во процесот на пристапување кон ЕУ.“

Шекеринска смета дека она што останува е практично да се покажат резултати, сега не можеме да говориме дека пречка е несогласноста во рамки на Унијата и внатрешната реформа:

„Веќе нема ,,вадење,, на лошите учители. Едноставно ние како студенти треба да го загрееме столчето, ама и да покажеме резултати на дело.“

Рече Шекеринска.
XS
SM
MD
LG