Достапни линкови

Тирана: Албанскиот претседател Бамир Топи ќе го посети Косово


Албанскиот претседател Бамир Топи ќе престојува во официјална посета на Косово од дваесет и петти до дваесет и седми овој месец на покана на шефот на УНМИК Јоаким Рикер и претседателот на Косово Фатмир Сејдиу. Топи, како што јавуваат агенциите, ќе биде придружуван од голема делегација, во која што ќе бидат вклучени пратеници од владејачката коалиција и од опозицијата, членови на Владата, претставници на локалната самоуправа, истакнати личности од областа на науката, уметноста, медиумите и бизнис круговите.
XS
SM
MD
LG