Достапни линкови

Таџи: Посета на македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски


Министерот за одбрана Лазар Еленовски денеска во Таџи, Ирак, е во посетата на македонскиот воен контигент што учествува во меѓународната мировна мисија. Предвидено е Еленовски да се сретне со американскиот генерал Дејвид Петреуш, командант на меѓународните сили „Слобода за Ирак“. Македонскиот министер за одбрана вчера во Кабул се сретна со неговиот авганистански колега Абдул Рахим Вардак, а претходно и со заменик командант на НАТО – ИСАФ мисијата, Бернард Шампу, со што го заврши престојот во Авганистан.
XS
SM
MD
LG