Достапни линкови

Финализирање на блиско источниот договор најдоцна до почетокот на следната година


Американскиот Претседател Џорџ Буш денеска со посетата на Споменикот на Холокаусот Јад Вашем во Јерусалим ја заврши посетата на Израел и палестинските територии и замина за Кувајт негова следна станица од блиско источната турнеа. Буш се надева дека Блиско-источниот договор ќе биде финализиран најдоцна до почетокот на следната година односно до крајот на неговиот мандат во Белата Куќа. Следниот фокус на американскиот Претседател е контроверзната иранска нуклеарна програма.

Злото и натаму постои и ние мораме да дадеме отпор, изјави денеска по посетата на Јад Вашем во Ерусалим споменикот на Холокаусот, американскиот Претседател Џорџ Буш.

„Највеќе бев импресиониран што луѓето соочувајки се со хоророт и злото не се откажаа од нивниот бог и застанаа храбро зад тоа што веруваат.“

По трите дена посета на Изарел и Западниот Брег американскиот претседател изрази надеж во мир на Блискиот Исток до крајот на неговиот мандат. тој смета дека сега е моментот да се креира состојба во која две држави еврејска и палестинска живеат во мир една покрај друга.

„Јас верувам дека тоа е можно, и не дека е само можно туку верувам дека тоа ке се случи до времето кога ке ја напуштам функцијата, Верувам во тоа слушајки ги премиерот на Израел и Претседателот на палестинската власт.“

Сумирајки ја посетата на Израел и палестинските територии американскиот претседател Џорџ Буш рече дека тоа ќе бара болни политички концесии од двете страни. Тој верува дека за една година Претседателот Махмуд Абаз ќе може да ја поврати контролата и врз Газа, дека ке престанат ракетните напади врз Израел, дека еврејската држава ќе им обезбеди на палестинците јасна тероторија без еврејски населби и безбедносни блокади. Израелскиот премиер Ехуд Олмерт изјави дека неговата земја е посветена на преговорите со палестинците.

„Израелскиот тим е апслоутно посветен на овие преговори. На многу сериозен начин ние ке пристапиме кон решавање на горливите проблеми со цел да дојдеме до договор.“

Американскиот претседател денеска ја продолжува блиско источната турнеа со посета на Кувајт, Бахреин, Саудиска Арабија и Египет. Во следните денови тој ке се обиде да добие подршка од пријателските земји со сунитски муслимани во врска со нуклеарниот спор со шиитскиот Иран.
XS
SM
MD
LG