Достапни линкови

Државата за струјата се однесува анти пазарно, сметаат аналитичарите


Доводот на струја, гас и нафта, како и изградената патна инфраструктура претставуваат дел од условите што секоја земја треба да им ги овозможи на странските инвеститори. Случувањата поврзани со либерализацијата на енергетскиот пазар што стартуваше на почетокот од годинава, односно нееднаквите услови на пазарот за малите и големите потрошувачи го отворија прашањето, дали на странските инвеститори им одговараат приликите до енергетскиот сектор. Струјата треба да се третира пазарно и не може да се продава по бенефицирана цена на фабриките, бидејќи тоа е штетно за државата, вели професорот Константин Димитров од електро факултетот во Скопје, според кого немаме пазарни услови и добра техничка струја за странските инвеститори:

„Македонија им нуди пазарни услови. Тие бараат да им ги смалиме трошоците. Ние ќе имаме помали трошоци за нив со квалифицирана работна рака, но не смеат да го користат до крај, она што државата како социјална сака да го обезбеди за граѓаните поефтино. И тие сакаат – знаете и ние сакаме да бидеме бенефицирани. Европа вели отворен пазар, мораме го почитуваме атинскиот меморандум, слободниот трансфер на струја, ние му велиме не мораш да плаќаш толку – донеси од Австрија струја ако ти е поефтина.“

Енергетиката е најакутен проблем. Струја нема доволно, се случуваат хаварии. Цената се држи вештачки ниска. Нееднакви се условите на пазарот за малите и големите потрошувачи, вели Ванчо Узунов професор на Економскиот факултет во Скопје:

„Големите компании имаат пари и нема смисла нив да им се поефтинува струјата, а на малите фирми и граѓаните владата со субвенции од буџетот ќе им ја држи ниска цената на струјата. Тоа е дискриминирање. Тоа не е пазар. Или сите се со субвенција, или никој, па нека си ја најде секој својата правда.“

Во контекст на водењето политика на долг рок тој исто така потсетува дека Македонија освен производство на струја, останатите енергенси како нафтата и гасот ги увезува, а оценува дека и патната инфраструктура е слабост:

„Гасоводот е донесен и толку. Нема понатаму инвестиции. Во поглед на енергетиката не е добра ситуацијата. Македонија има патишта, но патната инфраструктура не е добра. Тоа е најакутен проблем.“
XS
SM
MD
LG