Достапни линкови

Променета е процедурата за издавање визи, не и визниот режим


Македонија не воведува визи за други држави, станува збор само за промена на процедурата за издавање визи согласно со европските стандарди според кои нема можност да се издаваат визи на граница, информираат од МНР. Оттука и граганите на Албанија ке треба да баараат визи во македонската амбасада во Тирана. Овие измени објаснуваат во министерството се усвоени во Собранието минатата година во мај, а стапуваат на сила во февруари. Во МНР додаваат дека доколку имало незадоволство од измените во законот за движење и престој на странци можело претходно да се реагираа

„Станува збор само за промена на процедурата на издавање визи, а не за менување на визниот режим со било која земја, вклучително и со Албанија. Република Македонија има визен режим со голем број земји во светот, меѓу другото и со Република Албанија и тоа не е ништо ново ниту пак е воведено сега, тоа што со овој закон се регулира е со оние земји со кои имаме визен режим, македонските визи да се издаваат во дипломатско – конзуларните претставништва,“

изјави Сашо Кокаланов од МНР. Тој укажува дека законот говори само за процедура за издавање на визи за странски државјани од земји со кои Македонија има визен режим, но не забранува укинување на визите, олеснување на процедурата, тоа се прашања на билатерален договор.
Сепак реакциите посебно по стапувањето на сила на овие измени не стивнуваат, посебно кога е во прашање Албанија чии грагани досега добиваа на граница. Во Дебар велат загубите на економски план ќе бидат големи

„Околу 200 илјади жители во околината на Дебар од Албанија би довеле во Дебар 50 до 70 милиони евра промет годишно што е некаде околу осум до десет милиони евра ДДВ за државата,“

изјави градоначалникот Аргетим Фида. И во Охрид реакции тие сметаат дека ке има загуби во туризмот.
XS
SM
MD
LG