Достапни линкови

logo-print

Букурешт: Јап де Хоп Схефер утре во проверка на подготовките за Самитот на НАТО


Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер утре ќе престојува во Букурешт за да види како течат подготовките за самитот на Алијансата што е закажан за април годинава. Романските власти соопштија дека тоа ќе биде најголем собир во историјата на НАТО, со оглед на тоа што на него ќе учествуваат претставници на дваесет и шесте земји членки на Алијансата, на дваесет и трите земји од Партнерството за мир, како и на партнерските земји од Азија кои партиципираат во мировната мисија на НАТО во Авганистан.
XS
SM
MD
LG