Достапни линкови

logo-print

Бања Лука: Потпишан договор за парламентарна соработка на парламентите на Република Српска и Србија


Во присуство на српскиот претседател Борис Тадиќ и претседателот на Република Српска, Рајко Кузмановиќ претседателите на Парламентите на Србија и Република Српска, Оливер Дулиќ и Игор Радојчиќ вчера во Бања Лука потпишаа договор за парламентарна соработка. Со договорот ќе се интензивираат односите меѓу Парламентите на Србија и Република Српска во повеќе конкретни области. Овој договор е дел од процесот за приближување на Србија кон Република Српска во Босна и Херцеговина.
XS
SM
MD
LG