Достапни линкови

Кабул: Продолжува дводневната посета на Авганистан на министерот Еленовски


Министерот за одбрана Лазар Еленовски денеска ја продолжува дводневната посета на Кабул. Според најавите тој денеска ке се сретне со неговиот авганистански колега Абдул Рахим Вардак, како и со заменик командантот на НАТО силите во Кабул, генерал мајор Бернард Шампу. Вчера по пристигнувањето во Афганистан, Еленовски мировната мисија ИСАФ во која учествуваат и македонски војници ја оцени како клучен адут со кој земјава ја потврдува спремноста да биде дел од НАТО Алијансата. Тој истакна дека 134-те војници на АРМ кои се грижат за безбедноста на главниот штаб на мисијата на НАТО - ИСАФ во Авганистан, со својот ангажман покажаа дека се еднакво успешни како и останатите војници од 26-те земји членки на Алијансата.
XS
SM
MD
LG