Достапни линкови

Остри реакции од градоначалникот на Дебар


Одлуката на Република Македонија, албанските државјани, визите за Република Македонија да ги добиваат во македонската амбасада во Тирана, а не на границата ќе нанесе големи штети на дебарската трговија и истата е дискриминаторска, ако се знае дека една третина од населението во Македонија се Албанци, реагираше градоначалникот на Дебар Аргедин Фида. Тој ја изнесе оценката дека наместо целосната либерализација на визниот режим што се бара подолг период, новата одлкука на МНР видно ќе го намали прометот на дебарските трговци:

„Трговијата, туризмот во Дебар, во главно 60 насто вработените добиваат плати и придонеси од трговијата со Албанија. Граѓаните од Пешкопеја, нема да може да одат до Тирана да земат виза. Ако одат до таму, тие таму ќе се снабдат со сите артикли. Албанија во Дебар носи околу 50 до 70 милиони евра промет годишно, што некаде околу осум до десет милиони евра ДДВ за државниот буџет.“

Во реакцијата на градоначалникот, која е доставена и до премиерот Груевски и шефот на дипломатијата Милошоски се наведува дека визниот режим кој се наметнува е нетолерантен и истиот како што вели е дискриминаторски бидејќи визите се воведуваат само за Албанците кои доаѓаат од Албанија, а не и албанските државјани со македонско потекло од Албанија.

„Ако нема промена на ставот на државата, ние немаме право да ги задржиме невладините организации да организираат протести. Ако владата нема промена на ставот ние сме беспомошни.“
XS
SM
MD
LG