Достапни линкови

logo-print

Приштина: Уапсен Гадаф Шити


Косовската полиција го уапси Гадаф Шити, под сомнение дека им помагал на седуммината затвореници да побегнат од косовскиот затвор Дубрава во август минатата година. Информацијата за апсењето на Гадаф Шити, брат на Рамадан Шити кој во ноември минатата година беше убиен во полициската акција во тетовското село Бродец, ја потврди синоќа и портпаролот на косовската полиција Ветон Ељшани.
XS
SM
MD
LG