Достапни линкови

Варна: Македонските ракометари победија на гостински терен против Бугарија


Машката ракометна репрезентација со победа го започна квалификацискиот циклус за Светското првенство, кое во 2009 година ќе се одржи во Хрватска. Во првиот натпревар против Бугарија во Варна, македонските ракометари славеа со 30:33. Ослабениот состав на македонската селекција и покрај слабата игра во првиот дел кој и припадна на Бугарија со 15:14, сепак успеа да ги консолидира своите редови и да стигне до очекуваниот триумф. Најпрецизен во нашата репрезентација, во отсуство на капитенот Кире Лазаров, беше Наумче Мојсовски со 8 постигнати гола. Реваншот против нашиот источен сосед е за два дена во Скопје.
XS
SM
MD
LG