Достапни линкови

Исламабад: Седум лица убиени во бомбашки напад во Пакистан


Седум лица загинале утрово, во напад на бомбаш самоубиец во градот Лахор во источен Пакистан, додека 20 биле ранети. Меѓу повредените имало неколку припадници на полицијата. Бомбата што експлодирала била насочена кон група на полицајци што стоеле пред зградата на Високиот суд, изјавила полицијата. Неколку цивили и полицајци биле видени како неподвижно лежат на улицата. Претставниците на полицијата биле собрани пред судската зграда поради штрајк на правниците против претседателот Первез Мушараф.
XS
SM
MD
LG