Достапни линкови

logo-print

Од двете партии најави за договор


Употребата на јазиците на етничките заедници и обештетување на борците на ОНА, двете точки за кои што лидерите не постигнаа согласнот меѓународната заедница инсистира да добијат разрешница што поскоро. Американската амбасадрока во НАТО Нуланд при посетата на Македонија инстираше тоа да се случи најдоцна до февруари а според некои дипломатски извори Соединетите американски држави бараат согласнот да се постигне пред 23 овој месец за кога е закажана средбата на северно атланскиот совет во Брисел. Во мегувреме работните групи на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ работеа на усогласувањето на ставовите за двете спорни точки.Иако не сакаат да откриваат детали Џеват Адем од ДУИ вели дека се оптимисти и очекуваат законите да се донесат во рамки на бараните рокови

„Јас сум убеден дека овие две теми ќе се решат. Законот за јазиците ќе влезе во собраниска процедура. Статусот на сите засегнати, значи семејствата на паднатите борци на ОНА, инвалидите и жртвите цивили ќе се реши и тие да бидат на терет на државата.“

И Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ со слично очекување:

„Доколку се придржуваме на Уставот и законите во земјата многу лесно ќе се реши прашањето за законот за јазици затоа што ја имаме уставната рамка, а исто така и за жртвите од конфликтот бидејќи се предвидува социјален пакет којшто ќе произлезе од законите во земјата.“

Но сепак таа потенцира дека во процеот на решавање на овие две спорни точки треба да вклучат и преставници од другите партии:

„Бидејќи ова е заедничка обврска и сите заедно мислам дека треба да направиме се Република Македонија сигурно да зачекори во НАТО,“

Тоа е дел од Мајскиот договор на Груевски и Ахмети во кој СДСМ не учествуваше и сега не гледаме зошто би се вклучиле во решавањето на двете точки - вели потпреседателот на Социјадемократите Јани Макрадули:

„Го чекаме предлогот што ќе дојде од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ бидејќи нивните работни групи работат и се среќаваат на неколку дена, така што да почекаме и да видиме што ќе договорат и потоа ќе го кажеме нашиот став околу сето тоа.“

Одкога ке имаме првичен предлог кој што ке произлезе од ВМРО ДПМНЕ и ДУИ додава Макрадули во собранието ние ке одиграме коструктивна улога:

„Бидејќи никој не знае што тогаш договориле и како тоа го направиле корекно би било тие договорни страни да образложат и тоа да го преточат во предлог текст од Владата што ќе дојде во Собранието,“

објаснува Макрадули.
XS
SM
MD
LG