Достапни линкови

logo-print

Штип: Свеченост по повод испраќање војници во мисијата ИСАФ во Авганистан


Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи свеченост по повод испраќањето на контингентот на Армијата на Република Македонија кој учествува во мировната мисија ИСАФ во Авганистан. Во четвртата ротација на ИСАФ, во која АРМ учествува со механизирана пешадиска чета, во Кабул ќе заминат 127 припадници на Првата механизирана пешадиска бригада и тројца штабни офицери. Припадниците на АРМ во мисијата која е предводена од НАТО, задачите ќе ги извршуваат во рамките на контингентот на Армијата на Обединетото Кралство, каде што ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул. Освен тоа, тие ќе вршат и патролирање и обезбедување на воената база и објекти од витално значење за животот на населението во Авганистан, борбено обезбедување на комуникации и области и други задачи во зависност од потребите на мисијата.
XS
SM
MD
LG