Достапни линкови

Поважно е тоа што Македонија со прифаќањето на оваа идеа покажа конструктивност, велат од МНР


По последната покана упатена до шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани за посета на Македонија која е само една од низата што се упатуваат веќе подолго време, суште нема одговор дали таа ќе пристигне и ќе присуствува на средбата договорена да се одржи овој месец во скопје или Охрид, информираат од МНР. Македонски дипломатски извори велат дека не се надеваат дека таа ќе биде присутна на средбата во земјава, а на која домаќин ке биде министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Сашо Кокаланов од МНР информира дека датумот на средбата сеуште не е прецизиран:

„Тоа што е посуштуниско од датумот и местото, е тоа што Македонија со прифаќањето на оваа идеја на г-динот Нимиц за поблиски контакти покажа уште еднаш дека е посветена на изнаоѓање на решение за спорот што Грција го има со нашето име.“

Интензивирањето на средбите мегу македонскиот и грчкиот преговарач Димитров и Василакис со посредникот Метју Нимиц не може да се доведат во директна врска со претстојниот самит на НАТО во Букурешт:

„Случувањата во регионот како што се решавањето на статусот на Косово, како што е самитот на НАТО во Букурешт на кој што очекуваме три земји од нашиот регион, меѓу кои и нашата земја да добијат покани за полноправно членство, сите овие настани се еден поширок контекст кој што секако влијае и на разговорите за името, меѓутоа разговорите за името не се директно поврзани со ниту еден од овие настани.“

Вели Кокаланов.
Во контекст на мислењата на експертите дека по евентуалното добивање на покана за членство може да случи да помине подолг рок до полноправно членство за Македонија поради спорот со Грција за уставното име, бидејки спогодбата за членство ке треба да ја ратификуваат парламентите на сите земји членки, од МНР укажуваат само дека акцентот во овој период е ставен на исполнување на обврските:

„Се што потоа ќе се случува и процесот на ратификација кој се разбира е дел од процедурите за зачленување на нова членка во оваа организација ќе биде предизвик за перидот по добивањето на поканата.“

Изјави Кокаланов.
XS
SM
MD
LG