Достапни линкови

Шанса за домашните производители?


Во Скопје секојдневно сообраќаат околу 280 автобуси. Само 30 од нив, како гориво користат 60 проценти природен гас и 40 проценти дизел, но нивниот број не е доволен, вели Владимир Качиски од „Проактива“, здружение на граѓани кое работи на одржлив транспорт и во 2003 ги промовираше првите автобуси кои работат на природен гас:

„Ваквите хибридни автобуси, емитуваат три пати помалку штетни гасови, односно 5,3 тони во текот на една година. Тие автобуси се постојните, во нив се поставија системи. Но, тоа не е доволно, бидејќи секојдневно од претпријатието сообраќаат околу 280 автобуси.“

Според истражувањето на ова здружение во текот на 250 дена работа по 14 часа, еден автобус кој користи дизел емитува 15,5 тони загадувачки материи како јаглерод диоксид. Во текот на зимските месеци, кога надлежните институции повторно предупредија дека популацијата вдишува загаден воздух кој меѓу другото го предизвикуваат штетните испрарувања од сообраќајот, владата најави дека намени 4,4 милиони евра помош за ЈСП Скопје, за да се купат нови автобуси за градскиот превоз. Професорот Миле Димитриевски од Машинскиот факултет во Скопје вели дека во глобалната економија, кој ќе понуди еднакво вреден производ кој има пониска цена, а еднаков квалитет станува размноправен учесник на пазарот:

„Во Македонија има неколку производители на автобуси, од кои, едни произведуваат по 2, едни по 5, едни по 30 или 50. Можеби можат за некоја држава надвор од европскиот систем да испорачаат сто или 800, како што порано работеа. Но, според стандарди што ќе ги пропише државата купувач. Ние сме потписници на европскиот договор потпишан во ОН во којшто кажуваме дека во оваа држава ќе се применуваат најстрогите прописи за производство, и увоз.“

Дилемата е дали владата ќе набавува нови возила од нив или според законот за јавни набавки, согласно кој изборот се врши по системот на бодување на цената и квалитетот на производот што се нуди. Не може да се потврди кој од домашните производители може да произведат автобус со еколошки параметри, зашто тие регистрираат поединечно производство, по нарачка, а не како стандарден производ, вели Данчо Пендевски од Бирото за метрологија:

„Тие регистрираат поединечно производство. Колку ќе платите тие ќе купат елементи кои учествуваат во производството и ќе ги вградат“

„Сентиментално ако ме прашувате мене секогаш сум врзан за домашната економија, за домашни ресурси, се дотогаш додека ги исполнува стандардите во тендерот. Кога домашната економија нема да ги исполни европските стандарди, тогаш таа е неконкурентна, не само кај нас, туку никаде,“


додава професорот Димитриевски.

Во Македонија има неколку производители на автобуси, но немаме сериско производство.
XS
SM
MD
LG