Достапни линкови

Исламабад: Пакистан нема да дозволи друга земја да изведува воени операции


Пакистанските власти денеска соопштија дека нема на нивна теритоија да дозволат друга земја да изведува воени операции во потрага по исламски милитанти. До ова дојде откако весникот Њујорк Тајмс објави дека Вашингтон ја разгледувал можноста за испраќање сили за интензивирање на пакистанските акции. Претходно, претседателот Первез Мушараф изјави дека акциите против Ал Каида и талибанците не биле посебно насочени и против Осама бин Ладен, бидејќи немало никакви докази оти тој се наоѓал во Пакистан.
XS
SM
MD
LG