Достапни линкови

Исламабад: Первез Мушараф вели дека Беназир Буто самата е одговорна за својата смрт


Пакистанскиот претседател Первез Мушараф изјави дека е можно оти вооружено лице пукало во опозициониот лидер Беназир Буто, но истакна дека таа самата се изложила на опасност. Мушараф во интервјуто за американската телевијата Си Би Ес изјави дека Буто е самата одговорна за својата смрт бидејќи стоела надвор од автомобилот. Пакистанските власти претходно изјавуваа дека Буто не е убиена од страна на вооружено лице, туку починала поради удар со глава во автомобилот за време на самоубиствениот напад во Равалпинди. Партијата на Буто, пакистанската Народна Партија, ја обвинува власта за вмешаност во убиството и бара спроведување на истрага од ОН. Во истрагата за убиството на Буто, учествува британската полиција.
XS
SM
MD
LG