Достапни линкови

Тбилиси: Претседателот Саакашвили прогласи победа, опозицијата ќе протестира


Опозицијата во Грузија за денеска најавува протести поради како што обвинија,, фалсификувањето„ на резултатите од претседателските избори. На вчера одржаните избори актуелниот претседател Михаил Саакашвили веќе најави своја победа, посочувајќи дека на тоа укажуваат независните избирачки анкети. По пребројувањето на десет проценти од гласовите, Централната изборна комисија соопшти дека Саакашвили освол 59% од гласовите, а опозициониот кандидат Леван Гачечиладзе околу 22 отсто. Американскиот дипломат Метју Бриза ги повика граѓаните на Грузија да ги почитуваат резултатите од претседателските избори доколку меѓународните набљудувачи оценат дека тие биле фер. Изборите беа набљудувани од ОБСЕ.
XS
SM
MD
LG