Достапни линкови

Скопје: Православните христијански верници денеска го слават Бадник


Православните христијански верници денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово - Божик. Во црквите низ Македонија ќе бидат осветувани бадникови гранчиња, а во Скопје, централната манифестација по повод празникот ќе се одржи пред соборниот храм ,,Свети Климент Охридски“ каде се очекува на присутните да им се обрати поглаварот на МПЦ г.г. Стефан кој ќе му го врачи преодниот ќуп на кумот бадникар за годинава, бизнисменот Димитар Јосифовски.
XS
SM
MD
LG