Достапни линкови

Аналитичарите прашуваат - нова верзија на Студената војна?


Во 2007-ма година, односите на Русија со Западот паднаа на најниско ниво во последната декада, а таквиот тренд продолжува. Дали светот се соочува со нова верзија на Студена Војна, е прашањето што го поставуваат се поголем број аналитичари.

Ова беше година кога рускиот претседател Владимир Путин ги спореди Соединетите Држави со Третиот Рајх. Ова беше година кога Москва се повлече од договорот за конвенционалните сили во Европа, кога ги обнови стратегиските летови на бомбардерите и кога се интензивираа тензиите со Вашингтон во врска со планираниот американски анти-ракетен штит во Европа. Западот, пак ја обинува Русија за назадување на демократските процеси и за мешање во внатрешните работи на соседните змеји. Аналитичарот на весникот Економист и автор на книгата Новата Студена Војна, Едвард Лукас, очекува тензиите меѓу Западот и Русија да се зголемуваат.

„Мислам дека 2007-ма беше најстудена година во односите меѓу Русија и Западот од 1991-ва, односно од деновите на Советскиот Сојуз. Но, и иднината не е оптимистична.“

Лукас притоа посочува дека конфликтот меѓу Русија и Западот за придобивање на лојалноста на поранешните советски републики, како Грусија и Украина, наликува на Студената Војна. Стивен Пифер од Центарот за стратегиски и меѓународни студии во Вашингтон, не се согласува до крај со таквото мислење.

„Јас сеуште сум воздржан во користењето на терминот Студена војна, бидејки во мојот ум тоа значи соперништво на воено-безбедносен план, политички, економски и идеолошки. Мислам дека не е стигнато до таа точка и оти сеуште имаме прашања за кои можеме да соработуваме.“

Фјодор Лукјанов, руски аналитичар, оценува дека сегашната ситуација е пример на политиката на големите сили од минатиот век. Се поставува прашањето што е суштината на сегашните тензии. Делумно, тоа е последица на енергетската моќ ма Русија, а делумно е реакција на чувството на Кремљ и на многумина руси дека во 90-тите години беа потчинети и зависни од западните кредити и помош. Но, голем удел има и раководството во Кремљ, кои веќе не е заинтересирано за западните норми на демократија и човекови права. Лукјанов објаснува.

„Русија зазеде став дека не и е потребна интеграција со Западот, и уште поважно, дека Западот не ја сака. Тоа значеше дека Москва треба да ја зајакне својата независна позиција, а се што се случува е последица на таквиот курс.“

Тензиите во 2007-ма започнаа во февруари, кога рускиот претседател Владимир Путин, на конференцијата за безбедност во Минхен, ги обвини Соединетите ДРжави дека сакаат да им ја наметнат својата волја на другите држави и за етаблирање на уни-поларен свет. Веќе наредниот месец, Путин најави повлекување од Договорот за конвенционалните сили во Европа. Исто така во март, Русија фуриозно реагираше на преместувањето на споменикот од советската ера во главниот град на Естонија – Талин. Западот оцени дека компјутерскиот напад врз естонските владини веб страници и масовните протести на етничките руси, беа оркестрирани од Москва. Вашингтон и Москва, пак, цела година беа во судир во врска со анти-ракетниот штит во Европа. Русија имаше серија конфликти и со Грузија, која настојува да се доближи до НАТО и Европската Унија. Москва е и еден од главните противници на идејата на Западот за независност на Косово. Според Стивен Пифер, Русија, всушност, настојува да остане клучен фактор во меѓународната политика.

„Русите сакаат да привлечат внимание. Но, проблемот е што на пример во Соединетите Држави, претседателот, државниот секретар или советникот за национална безбедност, немаат многу време. Со домашните проблеми во Вашингтон и фокусирањето врз Ирак, Авганистан или Иран, малку време останува за проблемите со Русија.“
XS
SM
MD
LG