Достапни линкови

Ерусалим: Израелските сили трет ден ги продолжуваат операциите против палестинските милитанти


Израелските сили, трет ден по ред, ги продолжуваат операциите против палестинските милитанти во Наблус, на западниот Брег, при што уапсиле 6 лица. Палестинскиот преговарач Саеб Ерекат денеска оцени дека акциите на израелските сили се систематски процес со кој се уништува палестинската власт и се уриваат напорите за спроведување на мировниот процес. Ерекат додаде дека и со ова се поткопува посетата на американскиот претседател Џорџ Буш, кој треба да допатува во регионот во наредната недела.
XS
SM
MD
LG