Достапни линкови

Победи на Барак Обама кај Демократите и Мајк Хакаби кај Републиканците


Во првата битка од долгата трка за американски претседател што се одржа во Ајова победија Мајк Хакаби кај Републиканците и Барак Обама кај Демократите. Станува збор за прелиминарни избори на кандидати што двете партии би ги номинирале да учествуваат на претседателските избори во ноември годинава.

По републиканското изјаснување во Ајова поранешниот гувернер на Арканзас и баптистички свештеник Мајк Хакаби изјави дека неговата победа е почеток на нов ден во американската политика.

„Нов ден и е потребен на американската политика исто како што нов ден и е потребен и на американста влада. Тој ден почнува тука во Ајова, а ќе заврши во Белата куќа.“

Изјави Мајк Хакаби, кој релативно доцна се вклучи во кандидатската тркана неговата Републиканска партија. На изборите на Демократската партија, победи Барак Обама, на кој му тече првиот мандат како сенатор, пред сенаторот Џон Едвардс кој се пласира на второ место и трето пласираната сенаторка Хилари Клинтон. Обама вети дека ќе донесе промени доколку победи во неговиот историски обид да стане прв црн амеруикански претседател:

„Одбираме надеж наместо страв. Одбираме единство наместо поделби и испраќаме силна порака дека промените доѓаат во Америка.“

Изјави четириесет и шест годишниот сенатор Обама, син на кениец и бела американска чија победа во Ајова предизвика сомневања дали пораката на поранешната прва дама Хирали Клинтон дека има искуство во водењето на политиката во Вашингтон ќе одигра голема улога кај гласачите. Сепак, според последните анкети на национално ниво, фаворит кај демократите и натаму е Хилари Клинтон, додека меѓу републиканците води Џон Меккеј кој на вчерашното изјаснување исто така заврши на третото место. Слични вакви прелиминарни изјаснувања ќе се одржат во сите американски држави пред секоја партија да поддржи еден кандидат кој ќе влезе во претседателската трка.
XS
SM
MD
LG