Достапни линкови

Кенија: Опозицијата денеска планира нови масовни протести


Опозицијата во Кенија за денеска планира нови масовни протести во главниот град Најроби, јавуваат агенциите, додавајќи дека демонстрантите биле подготвени да и се спротивстават на полицијата. Повеќе од триста луѓе загинале во немирите до кои дојде откако претседателот Мваи Кибаки прогласи победа на изборите што се одржаа кон крајот на минатиот месец. Денеска во Најроби престојува и американскиот помошник државен секретар Џендаи Фрејзер кој освен со Кибаки ќе се сретне и со лидерот на опозицијата Одинга.
XS
SM
MD
LG