Достапни линкови

logo-print

Анкара: Турската полиција уапси четири лица поради одговорност за вчерашната експлозија


Турската полиција уапсила четири лица под соменавање дека биле одговорни за синоќешната експлозија во Дијарбекир, најголемиот град во курдскиот југоисток на Турција, во која загинале најмалку пет луѓе, а стотина биле ранети. Експлозијата се случила во моментот кога едно воено возило минувало низ центарот на градот. Во Дијарбекир се сместени голем број војници кои учествуваат во акциите против курдските бунтовници во Турција и во соседниот Ирак.
XS
SM
MD
LG