Достапни линкови

Тешка година на прифаќање на втората фаза


Во фискална смисла за оспособени во 2007 година беа прогласени 42 од вкупно 85 општини во државава. Од овие причини 1 јули кој беше поврзуван со стартот на фискалната децентрализација беше наскоро изрелативизиран. Пред крајот на годинава министерот за финансии најави дека уште девет општини од први јануари ќе преминат во вторра фаза од процесот преземајѓи ја одгворноста за исплата на платите и надоместоците на вработените во основното и средното образование. Градот Скопје безмалку се откажа од процесот губејќи ја самодовербата да продолжи да го следи со како што реагира оттаму, средствата што ги има на располагање. Најголеми главоболки на градоначалниците сеуште им создава власта.

„Власта тешко се испушта од раце, особено на Балканот. Имаме и сега области во кои капиталните дотации сеуште не се децентрализирани, на пример во образованието, па и во другите области,“

вели градоначалникот на Велсе Аце Коцевски За сега главен критериум за оценка на односот со централната власт според ЗЕЛС е решавањето на прашањето на сопственоста на градежносто земјиште за кое немаше позитивни сигнали ниту во изминатава година.

„Суштинското прашање во иднина како ќе се развиваме е дали ќе имаме дополнителни приходи. Јас не гледам извор, освен ако не го забрзаме развојот на општините, сето тоа ќе носи поголемо полнење на општинските буџети. Со исцедување на максимумот на општините врз основа на законските можности не се гледаат некои големи гаранции дека ќе имаме позасилен развој на локално ниво,“

вели претседателот на ЗЕЛС, Андреј Петров. Градоначалникот на општината Гази Баба малку поинаку, размислува дека треба да се создадат сите предуслови за да се преземе земјиштето во надлежност на општините.

„Мојот став е дека прво треба земјиштето да биде имотно правно расчистено, значи да се востанови катастарот, па дури потоа да се преземе земјиштето. Владата сега во овој случај ќе има поголеми проблеми отколку корист. Имено, бидејќи во централната власт е катастарот, а кај нас земјиштето, таа нема да биде заинтересирана да го расчисти и ќе рече – тоа е ваш проблем.“

Пораките на власта беа во дугот – Финансиите се важни но треба и да се знае да се менаџира со нив. Успехот на општибната зацвисиво најголерм дел од градоначалникот. 2008 се очекува да отвори крупни дури и стратешки прашања за процесот на децентрализација. Пред се во областа на финансирањето и критериумите на распоредувањето на средствата како и помош на општините кои се во полоша економска состојба.

„Да се решат основните прашања, што со огромните долгови на општините? Некои имаат и блокирани жиро сметки заради што не може ниту да влезат во втората фаза, ниту пак да остварат право на пристап до домашниот и меѓународниот пазар на капитал, односно да се задолжуваат.“
„Планирање на нови извори на средства и трансформација на дотациите во изворни приходи на општините,“


најавуваат градоначалниците Коцевски и Трајановски.
XS
SM
MD
LG