Достапни линкови

logo-print

Помодарство или вера?


Македонија е земја во која живеат повеќе групи со различна вероисповед. Секоја националност која живее на ова тло има најразлични обичаи. Скопјанецот Илија кој пред неколку месеци стапил во брак објаснува дека обичаите треба да се почитуваат но тоа да биде во разумни мери, бидејќи како што вели тој, преставуваат голем трошок.

„Мислам дека треба да се пази културата или наследството од старите, не е проблем, се е во ред, но ако е во разумни мери. Но, што се однесува до мене, до претерување не би ги терал тие адети.“

Според поголемите верски заедници обичаите кои се пропишани во светите книги не предвидуваат големи трошоци,односно како што велат тие во денешно време голем дел од обичаите кои се спроведуваат за време на срекните или тажни моменти се измислени од луѓето.

Каролина Цаневска преставник од македонската православна црква посочувајки го чинот за крштевање на новороденче вели дека библијата не предвидува веселби и дополнителни трошоци.

„Крштевката како чин е многу убаво дело, и треба скромно да се означи, со еден ручек, а оние некои големи свечености и помидарства, што се застапени во новото време меѓу народот и престиж, тоа зависи од самите луѓе, кој како размислува, кој како гледа и кој како може финансиски да поднесе.“

Имамот Нијази Мустафовски пак вели дека и покрај тоа што луѓето од муслиманска вероисповед се придржуваат до правилата на Коранот сепак има и традиции кои се наментнати односно измислени од самите луѓе.

„Во нашата средина каде што живеат муслимани, тие сеуште слават Ѓурѓовден, Василица и други празници кои не се совпаѓаат со Исламот и со Коранот. Така што, според Коранот има два празника, два Бајрама и Рамазан.“

И проповедникот Мирче Танчев од евангелско методистичката црква во Македонија посочува дека постојат многу навики и обичаи кој што народот сам ги измислил и до ден денеска ги практикува во секојдневниот живот.

„Од секојдневнието ако се тргне, има многу такви навики. На пример, зборот празник, означува дека е нешто празно, ако прославуваш нешто што е празно, што никој не знае зошто го прави, тоа е лоша навика. И прашај зошто го прават тоа? Велат, така останало. Но, ете некој оставил аманет, начин како да се прави и останала навика, а тоа е лошо според Библијата.“

Без разлика на религијата тие имаат многусличности по своето убедување.Ова е заклучокот од семинарот кој е дел од проектот „Продлабочување на Меѓурелигискиот дијалог“ кој го спроведува Организација на жени на општина Свети Николе:

„Целта на проектот е продлабочување и зацврстување на верската толеранција, меѓусебното разбирање и меѓурелигискиот дијалог. Поблиско запознавање со традицијата и обичаите заради подобрување на соживотот меѓу различните верски заедници,“

објаснува Фросина Мишева координаторка на проектот.
XS
SM
MD
LG