Достапни линкови

Членството во НАТО удар за радикалните структури, сметаат експертите


Три седници на македонксиот совет за безбедност на кој тема беше состојбата во земјава во пресрет на решавањето на косовскиот статус, престрелки во кои загинаа и припадници на МВР, полициска акција во Бродец - сите овие настани на безбедносен план кои се случија 2007 година беа поврзани со решавањето на идниот статус на Косово. Прогнозите на надлежните и дел од експертите е дека состојбата во 2008 година ке биде по стабилна или пак евентуално ке остане иста. Поради случувањата во регионот 2007 помина во знакот на поголема будност на безбеднсоите органи, вели министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска

„Сосема природно се наметнува потребата ваквата будност на безбедносните служби и понатаму да продолжи се додека во нашето соседство немаме чиста ситуација, по однос на ова прашање,“

вели Јанкуловска и додава дека граничните служби продолжуваат со засилената контрола на северната граница:

„Го зголемивме степенот на безбедност, и лична и општа се со цел да сме подготвени независно од тоа како ќе се одвиваат настаните таму.“

Извори од државниот врв кои инситираа на анонимнот пак велат дека одвоени инциденти може да се очекуваат и во иднина но до поголема десатбилизација нема да дојде во скоро време пред се поради тоа што таков развој на настаните не би им одгаварлан на властите во Приштина. Тие не сакаат да се престават како фактор на нестабилнот во регионот велат истите извори. Но прогнозата е дека во период од неколку години доколку Косово не е задоволно од она што ке го добие може да се очекува и поголема дестабилизација на државава. Претседателот на Балканскиот форум за безбедност Благоја Марковски во интервју за Радио Слободна Европа прогнозираше дека доколу српските и албаските радикали не се задоволни од решението за идниот статус може да предизвикаат безбендносни турбуленции кои би се рефлектирале и во Македонија.

„Институциите, па и силите во Република Македонија се на ниво да може да одговорат на било која провокација или безбедносна ситуација по прашањето на решавањето на статусот на Косово.“

Аналитичарот Мерсел Биљаљи пак е оптимист. Според него годинава што следува ќе биде помирна за македонските граѓани а радикалните струи ќе бидат се помалку:

„Лично сум убеден дека Македонија ќе добие покана за НАТО, што ќе значи психолошка предност во однос на сите сегменти кои мислат дека процесите треба да продолжат и не се завршени и дека радикалните опции се суште во игра.“

И Јанкуловска со став дека членството во НАТО ке биде дополнителен фактор на стабилност

„Не само во смисла на безбедноста, не само како безбедносен параметар, бидејќи Република Македонија во последниве години веќе одамна не е увозник на безбедност, туку напротив партиципира во воени мисии во странство,“

вели Јанкуловска.
XS
SM
MD
LG