Достапни линкови

logo-print

Година на неефикасно работење и тензии


Година на неефикасно работење и тензии во Парламентот, слабо чувство за тоелранција меѓу власта и опозицијата, говор на омраза, физичка пресметка која го разочара Брисел. Пратениците како да се збогуваа со чувството за национални приоритети во интерес на меѓусебните обвинувања, напрот за приближување ја напушти зградата на Собранието и се пресели во нетипичниот амбиент на Клубот на пратениците. Експертите го нарекоа квазипарламент, но во пракса единствен чувар на евроатланската агенда со крајно незивесни резултати. Законите со европско знаменце како што пратениците ги нарекуваат, дочекаат согласност од спеотивставените страни дури пред крајот на годинава, што е со сите дополнителни фактори кои ќе влијаат на конечниот исход едвај аргумент за посакуваната покана за членство во НАТО но никако и за добивање датум за преговори за членство во ЕУ во 2008 година. Ваквите надежи потполно ги закопа последниот извештај на Европската комисија кој повеќе од јасно го искажа незадоволството од воспоставената комуникација меѓу власта и опозицијата.

„Секој сака да си ја отфрли вината од себе, меѓутоа фактите говорат. Гледате дека постојано правиме кворум за европските закони. Никогаш не сме ги кочеле. Последнава седница се донесоа со кратки дискусии десетина закони со знакче на ЕУ, што значи дека тие или не биле ставени или биле ставени подолу во агендата. Се покажа дека не се 115, туку се 10-15 и мислам дека тоа опозицијата го заврши,“

вели Цветанка Иванова пренесувајќи го ставот на опозицијата лута на како што вели политиката на исклучивост на власта која според неа ги создала сите проблеми во функционирањето на парламентот во изминатава година. Трајко Велјановски кој на страната на власта беше дел од политичкиот дијалог во обид да се воспостави во клубот на пратениците, мисли сосема поинаку.

„Опозицијата во најголем дел, стана еден вид кочница во Собранието со преголем број поднесени амандмани, таа сакаше да диктира темпо и да овозможува да поминат само одреден број закони во парламентот.“

Професорот од правниот факултет Светомир Шкариќ пак причината за застојот во работата на парламентот ја гледа и пошироко.

„Најголемата пречка е во квалитетот на предложените закони. Треба да се види какви се состојбите во стручните служби во министерствата и какви акти тие служби им испраќаат на пратениците и од друга страна дали се одвива процесот на политички дијалог помеѓу партиите застапени во парламентот пред да стигне законскиот проект во парламентот. Тие канали на некој начин се затворени и оттука во самиот парламент за време на усвојување на актот доаѓа до експлозија и опструкција иако и таа не треба да се занемари.“

Во суштина според него треба повеќе да дојде до израз пратеникот преку рабоата на собраниските тела.

„Ние малку ги запоставуваме. Повеќе одиме на пленарна седница, повеќе само преку лидери. Секој пратеник е субјект на тој дијалог и во тие пратенички групи и работните тела може најдобро да дојде до приближување.“

Иванова и Велјановски очекуваат приближувањето од крајот на годината да не биде само епизода , а праксата да го врати дијалогот од клубот на пратениците во собраниската сала.
XS
SM
MD
LG