Достапни линкови

Кенија: Најмалку 30 лица загинале во пожар во црква


Најмалку 30 луѓе изгореа живи откако е запалена црква во градот Елдорет во западниот дел на Кенија јавуваат агенциите. Пожарот во црквата во која се засолнувале стотина бегалци е резултат на племенските судири кои избувнаа по завршувањето на претседателските избори во африканската држава. Според Црвениот крст најмалку 70.000 лица се раселени во западните региони на државата по завршувањето на изборите на 27 декември. Проценките на хуманитарната организација се дека во судирите досега загинале неколку стотини луге.
XS
SM
MD
LG