Достапни линкови

logo-print

Исламабад: Мушараф денеска ќе и се обрати на нацијата


Пакистанскиот претседател Первез Мушараф денеска ќе и се обрати на нацијата соопшти неговиот кабинет. Објавата доаѓа непосредно откако портпаролот на пакистанската изборна комисија изјави дека одржувањето на парламентарните избори закажани за 8 јануари изгледа невозможно. Комисијата денеска ќе се состане повторно за да донесе одлука за новиот датум на изборите. Во насилствата кои следеа по минатонеделното убиство на лидерот на најголемата опозициона партија Беназир Буто досега загинаа повеќе од 40 луѓе.
XS
SM
MD
LG