Достапни линкови

Скопје: Од денеска македонските граѓани полесно до Шенген виза


Од денеска официјално стапува во сила Спогодбата за олеснување на издавањето визи меѓу Република Македонија и Европската унија со која ќе се поедностави издавањето визи за македонските граѓани. Визните олеснувања главно се однесуваат на ученици, средношколци и студенти, новинари, бизнисмени, возачи кои вршат услуги за меѓународен превоз, лица кои патуваат почесто заради медицински причини, учесници на меѓународни спортски натпревари, претставници од локалната самоуправа, невладиниот сектор, од верските заедници, членови на официјални делегации и за туристички престој.
XS
SM
MD
LG