Достапни линкови

Најроби: Актуелниот претседател на Кенија Мваи Кибаки освои уште еден мандат


Претседателот на Кенија Мваи Кибаки победи на претседателските избори освојуваќи 200 илјади гласови повеќе од неговиот противник, опозициониот кандидат Раила Одинга. Агенциите јавуваат дека Кибаки положил заклетва преземајќи го вториот претседателски мандат, неполн час откако Изборната комисија го прогласи за победник на изборите. Партијата на Одинга го обвини Кибаки за лажирање на резултатите и притисок врз Изборната комисија. Во изборните нереди ширум земјата загинаа најмалку две лица.
XS
SM
MD
LG