Достапни линкови

Белград: Локалните избори во Србија на 11 мај наредната година


Претседателот на српскиот парламент Оливер Дулиќ ги распиша локалните и покраинските избори во земјата за 11 мај 2008 година. Претходно српскиот Парламент го усвои пакетот закони со кои се уредува локалната самоуправа со што ги исполни сите обврски во согласност со Уставот за распишување на изборите. Инаку денеска на полноќ во Србија истекува рокот за поднесување на кандидатурите за претседателските избори закажани за 20 јануари. Изборната Комисија во земјата до сега потврди девет кандидатури.
XS
SM
MD
LG