Достапни линкови

Хаг: Хрватскиот генерал Младен Маркач пристигна во Хаг


Хрватскиот генерал Младен Маркач денеска пристигна во Хаг откако во петокот Хашкиот суд издаде налог за негово апсење и префрлање во затворот во Шевенинген бидејќи ги прекршил условите за привремена слобода. Маркач на 22 декември го напуштил домашниот притвор и учествувал во лов, во друштво со министерот за внатрешни работи на Хрватска Ивица Кирин. По овој настан вчера хрватскиот министер за внатрешни работи Кирин вчера си поднесе неотповиклива оставка.
XS
SM
MD
LG