Достапни линкови

logo-print

Исламабад: Партијата на Буто одлучува кој ќе го преземе претседателското место


Пакистанската Народна партија денеска треба да одлучи кој ќе го преземе претседателското место во партијата по убиството на лидерот Беназир Буто и дали ќе учествува на парламентарните избори закажани за 8 јануари. Пред состанокот на кој ќе биде прочитан и тестаментот на Буто неколку илјади приврзаници се собраа пред нејзиниот дом извикувајќи анти-владини слогани. Партијата на Буто го отфрли соопштението од пакистанската влада дека Ал Каеда е одговорна за нејзиното убиство, обвинувајќи ја администрацијата на претседателот Первез Мушараф дека необезбедила нејзина заштита. Инаку, претседателот Мушараф им нареди на безбедносните сили да преземат акција за смирување на нередите во земјата во кои по убиството на Буто загинаа над 40 луѓе, а причинета е материјална штета од околу десет милиони долари.
XS
SM
MD
LG