Достапни линкови

logo-print

Свет: Аудио порака на Осама Бин Ладен


Во најновото обраќање лидерот на терористичката организација Ал Каеда Осама Бин Ладен ги обвини Соединетите Држави дека сакаат да воспостават контрола врз нафтените ресурси со земјата. Во аудио пораката објавена преку интернет Осама Бин Ладен ги повика ирачките сунити да не учествуваат во племенските совети кои водат борба против Ал Каеда и упати повик до ирачаните да се откажат од обидите за обновување на владата на национално единство со американска подршка. Бин Ладен исто така најави дека Ал Каеда ќе ја прошири светата војна за ослободување на палестинските територии. Белата Куќа оцени дека пораката од Осама Бин Ладен е потсетник дека целта на Ал Каеда е блокирање на демократијата и слободата во Ирак.
XS
SM
MD
LG