Достапни линкови

Светот го осуди нејзиното убиство


Денеска на предизборен митинг во Равалпинди е убиена пакистанската опозициона лидерка Беназир Буто во комбиниран напад со оружје и при експлозија предизвикана од бомбаш самоубиец. Освен 54 годишната Буто, во нападот загинаа и 16 други лица. Пакистанскиот претседател Первез Мушараф веднаш по убиството прогласи три дневна жалост и апелираше до граѓаните да останат мирни, со што како што рече ,,злосторничките планови и терористите ќе бидат поразени“. ОН, Европска Унија, Соединетите држави, Русија и повеќе други светски земји остро го осудија убиството на Буто. Американскиот претседател Џорџ Буш изјави:

„Соединетите Дежави силно го осудуваат овој кукавички акт на екстремистите кои се обидуваат да ја поткопаат пакистанската демократија. Сторителите на овој криминален чин мора да бидат изведени пред правдата.“

Пред нешто повеќе од два месеци по егзилот, Буто се врати во својата земја за на изборите закажани за 8 јануари да ја предводи пакистанската Народна Партија која во рамки на предизборната кампања се залагаше за борба против милитантниот исламизам и демократизација на земјата. Буто од првиот ден од враќањето во Пакистан се соочуваше со закани и напади. Ден по нејзиното враќање во обидот за напад врз неа загинаа над 150 луѓе. Тогаш Буто изјави:

„Ако значи жртвување на нашите животи и ако значи жртвување на нашата слобода за да го спасиме Пакистан и да ја спасиме демократијата, затоа што сметаме дека демократијата може да го спаси Пакистан од дезинтеграција и воено преземање, тогаш сме подготвени да ги ризикуваме нашите животи и подготвени сме да ја ризикуваме нашата слобода, но не сме подготвени да ја предадеме нашата нација на милитантите.“

Беназир Буто два пати беше премиер на Пакистан од 1988 до 1990 и од 1993 до 96- та година. Основач на пакистанската Народна партија е нејзиниот татко Зулфакар Али Буто кој имено во 70 -тите беше премиер на Пакистан.
XS
SM
MD
LG