Достапни линкови

Спорот со Грција за името нема да биде пречка за членство во НАТО, оценка на аналитичарите


Покрај воените и политичките критериуми што секоја држава треба да ги исполни за да биде членка на НАТО и поединечните состојби на одредени држави како и на регионот во целина влијаат на динамиката и формата на членување во Алијансата, вели аналитичарот Мерсел Биљали коментирајќи го тоа што на Македонија, на пример, и се препорачува да покаже конструктивност во врска со прашањето за името, додека на Србија и се посочува решавањето на прашањето со статусот на Косово.

„Јас не би ги нарекол критериуми. Тоа се политички состојби, политичка реалност, но не може секогаш да се гледа врз тие политички состојби, ако Косово е состојба, колку некој да мисли дека е пречка за прием во НАТО на околните држави, толку е и позитивно.“

Дел од претставниците на меѓународната заедница во меѓувреме посочија дека спроведувањето на реформите, како и ситуацијата околку Косово ќе бидат двата клучни момени кои исто така ќе ги разгледува НАТО при донесувањето одлука за упатување покана за Македонија, а спорот со Грција околу името ќе биде разгледуван во рамките на добро соседските односи. Од друга страна, и официјален Вашингтон инсистира на фокусирање на конструктивен приод од страна на македонските власти во политичкиот дијалог со Грција околу името. Спорот со името со Грција не е услов за НАТО, туку билатерлано прашање кое нема да пречи Македонија да добие покана за членство во НАТО вели Биљали:

„Тоа е политика. Мислам дека Американците многу јасно последниве денови укажуваат. Лично очекувам дека Македонија ќе биде примена во НАТО. Можеби ќе има клаузула дека треба да се динамизираат разговорите во однос на името, меѓутоа, не верувам дека тоа ќе биде пречка“

Спроведувањето на реформите се дел од политичките критериуми кои влијаат врз нашето зачленување во НАТО, вели Марина Митревска професор во Институтот за одбрана:

„Тоа се политички и воени критериуми што ги бараат. Тоа е круцијално.“
XS
SM
MD
LG