Достапни линкови

Багдад: Најмалку 11 Шиити убиени јужно од Багдад


Американската армија соопшти дека убила „11 шиитски терористи“ во операција изведена во областа Кут, јужно од Багдад. „Силите на коалицијата рано утрината убија 11 терористи во Кут во рамки на операцијата против криминална мрежа на специјални групи“, изјави Патрик Еванс, портпарол на американската армија. За специјални групи се сметаат вооружените групи кои што се одделија од Армијата на Махди, милицијата на радикалниот шиитски лидер Моктада Садр, кои што кон крајот на август објавија еднострано примирје од шест месеци.
XS
SM
MD
LG