Достапни линкови

Зголемен број апликации, но и пресуди во корист на граѓаните


Добри Јосифов во 1996 година започнува судска постапка од која очекува да бидат заштитени негови работнички права, бидејки без образложение бил избркан од работа. Но, до 2004 без никаков одговор, по што одлучува да се обрати до Европскиот суд за човекови права каде и се пресудува во негова корист. За тоа од кои причини не им верува на судовите во земјава и ја тужи државата во Стразбур поради долгиот процес во Македонија што траел околу 8 години тој вели

„Тука, нема судии, нема ред, нема ништо, нема каде да се жалиш. Многу врски, врзани се со директорот за пари, па моравме да одиме до Стразбур.“

Сега очекува државата да одлучи колкаво обештететување ке му даде. Јосифов е еден од многуте грагани во земјава кои ја тужат Македонија пред Европскиот суд за човекови права најмногу порада долга судска постапка или судење во неразумен рок. Последните податоци говорат дека од година во година бројот на апликации во Стразбур против Македонија се зголемува. Во 2005 се поднесени околу 700 апликации, а во наредната или до 2007 што се последни податоци, се поднесени 1300

„Бројката расте, евидентно е дека процентот на пораст е околу 90 насто, но тоа не тренд само кај апликациите, туку расте и бројот на пресудите. Оваа година имаме 17 пресуди, коишто за жал за државата во корист на граѓаните се 15 со констатирани повреди на човековите права,“

вели Радица Лазаревска Геровска владин агент пред Европскиот суд за човекови права која информира дека државата за 2007 ке исплати околу 30 илјади евра за да ги обесштети граганите од 15 пресуди во нивна корист.

Адвокатот Јордан Маџунаров кој досега има добиено повеке пресуди информира дека до пресуда не се доага толку брзо и во Стразбур, но се доаѓа до правдата

„Целата постапка трае четири години. Има многу предмети, особено од бившите републики по распаѓањето на СССР. Има ужасно голема бројка на предмети и затоа толку се чека,“

изјави Маџунаров.

Со спроведување на законите донесени во последниве неколку години ке може да се зголеми ажурноста на судовите во Македонија, а со тоа и намалување на тужби против земјава пред Европскиот суд за човекови права:

„Еден од законите кој посебно би го издвоила е законот за парнична постапка, кој овозможува, ако судовите правилно го применуваат, да се зголеми ажурноста на предметите,“

изјави Мери Младеновска претседател на собраниската постојана анкетна комисија за заштита на човековите права и поранешен министер за правда.
XS
SM
MD
LG