Достапни линкови

Обид за промена со 300 амандмани, главно од опозицијата


Пратениците со повеке од 300 поднесени амадмани се обидуваат да го сменат владиниот предлог буџет за 2008 година. Најмногу амадмански измени имаат поденсено опозицните партии. Оливер Спасовски од Социјал демократскиот сојуз вели дека содржински буџетот за идната година е ист како за оваа и поради тоа како што додава не ветува многу. Најголем дел од нивните амадмани пак се фокусирани во неколку области

„Тоа пред се е решавањето на одредени инфраструктурни проблеми во Република Македонија, во општините, многу амандмани се однесуваат на социјалните случаи, имаме амандмани за стечајците.“
Покрај за инфарструктурните проекти Азис Положани од опозиционата ДУИ вели дека со нивните амдмани тие се фокусираат и на зајакнување на процесот на децентрализацијата

„Гледаме дека владата нема концепт за децентрализација, она што сака да пренесе некои аспекти коишто се законска обврска за општините.“

Од друга страна како што тврди Положани според досегашните искуства нивните проекти кој што биле прифатени во буџетот за годинава што измунува не биле реализирани:

„Затоа што очигледно има тенденции, по секоја цена, се што се реализира авторството да биде на ниво на влада, а тоа да не биде придонес на опозицијата.“

Во предлог буџетот се опфатени сите потреби на граганите и поради тоа ВМРО ДПМНЕ на ниво на пратеничка група нема поденсено амадмански измени, вели Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ.

„Дел од пратениците индивидуално имаат поднесено амандмани за проекти кои се однесуваат на некои одредени локални зафати. Генерално пратеничката група нема поднесено амандмани.“

Во врска со предложените амадмани на опозицијата кои се однесуваат на инфраструктурни проекти Димовски вели дека мора да имаат целосно обезбедени проектна документација и дозволи

„Сметам дека за повеќето идеи за амандмани не е обезбедено претходно, туку чисто се поднесуваат амандманите за добивање ситни политички поени.“

Социјалл демократите пак како што вели Спасовски очкеуваат дали ке се прифатат нивните амандмани:

„Очекуваме да видиме што ќе се случи во расправата. Мислам дека сеуште се на тврд курс во којшто нема место ниту за одредени проблеми на граѓаните, ниту за иницијативи коишто ги покренуваат пратениците од опозицијата,“

објаснува Спасовски.
XS
SM
MD
LG