Достапни линкови

Приштина: Денеска нова косовска влада на ДПК и ДСК


Демократската партија на Косово и Демократскиот сојуз на Косово денеска, како што најавуваат медиумите во Приштина, би требало да ја формираат новата косовска влада. Според истите извори, Демократската партија на Хашим Тачи ќе го добие местото претседател на косовското Собрание, како и премиерското и седум министерски места, додека Демократскиот сојуз ќе ја задржи функцијата претседател на Косово и ќе има пет министри. Договорено било три министерски места да им бидат доделени на малцинските заедници.
XS
SM
MD
LG